Косовската дијаспора нема да гласа на изборите во Косово
30.05.2017 14:24
Дијаспората нема да може да го оствари своето право на глас на претстојните предвремени парламентарни избори во Косово, поради кусите рокови за кои законската процедура бара повеќе време.
Претседателката на косовската Централна изборна комисија, Ваљдете Дака, соопшти дека дијаспората нема да може да го оствари своето право на глас на претстојните предвремени парламентарни избори во Косово, поради кусите рокови за кои законската процедура бара повеќе време.
Таа нагласи дека тоа што косовските печалбари не ќе може да гласаат, не е по вина на Комисијата. Претседателката на косовската Цик потврди дека изборите ќе се спроведат и во северниот дел на Косово.
