ДКСК најмалку остварување имала во надлежностите поврзани со надзор и контрола

30.05.2017 15:10

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) најмалку остварување имала во надлежностите поврзани со надзор и контрола, и тоа во преземањето мерки при следење потенцијални злоупотреби за време на избори и надзор врз политичките партии - констатира македонскиот центар за меѓународна соработка. Од комисијата велат – перцепцијата за работата на инстутциата во јавноста е искривена, се нема вистинската слика за тоа што и колку работи.

Државната комисија за спречување на корупција најмалку остварување има во надлежностите поврзани со преземањето мерки при следење потенцијални злоупотреби за време на избори и надзор врз политичките партии. Досега никогаш не поднеле извештај за можни злоупотреби на буџетски средства, констатирале во извештајот од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Според нив, континуирано се намалува и бројот на детално проверувани анкетни листови. Недостатоци има и во евидентирањето на анкетните листови на интернет-страницата, за 33 именувани и избрани лица се објавени по два, а за едно лице три различни анкетни листа.

Првиот човек на Државната комисија за спречување корупција, Игор Тантуровски, се пожали на проблеми во коминукацијата со институциите, вели требало време за да се најде компромис.

Иако за органите за спречување на корупција се вели дека се самостојни и независни, Слободан Томиќ, од Лондонскиот универзитет вели дека податоците покажуваат дека тие најчесто имаат симболична акција, власта ги формира за да ги контролира, или пак, се политички инстументализирани, ја следат само опозицијата.

 

Наташа Јанчиќ