Одложена јавната расправа за случајот „Монструм“
Јавната расправа за случајот „Монструм“ во врска со доживотните казни на обвинетите се одложи откако беше константирано дека некои од адвокатите на обвинетите не се присутни. Јавниот обвинител Спасовска побара од судот расправата да биде одложена на подолг период за да бидат прибавени доказите од Специјалното јавно обвинителство заради како што рече, целосно расветлување.

Јавниот обвинител Лилјана Спасовска побара од судот да ја одложи јавната седница на подолго време. Таа рече дека обврска од Законот за кривична постапка е да ги прибават доказите и новите факти од Специјалното јавно обвинителство за случајот „Монструм“, за кој во јавноста се зборува веќе подолго време. Според Спасовска тое е со цел целосно да се анализира предметот и да се утврди дали новите околности ќе влијаат на конечната пресуда.
Бранителите на осудените за петкратното убиство на Смилковско, посочија дека некои од нивните колеги не добиле уредни достави. Поради нивното отсуство се одложува седницата.
Претседателот на Врховниот суд, воедно претседавач со Кривичниот совет, Јово Вангеловски рече дека предметот бил доставен до обвинителството во април минатата година и оти имало доволно време за проучување на списите и за прибавување на други докази и факти, вклучително и доказите од СЈО на кои се повикува.
Иако го прифати укажувањето на јавниот обвинител, тој не ја одложи јавната седница на подолго време, туку остана да се одржи на веќе дадениот датум, 9-ти јуни.
Фиљана Кока
