Никола Талевски добитник на наградата „Тоде Петрески- Галичо“

30.05.2017 16:09

Наградата за новинарство Тоде Петрски, што секоја година по смрта на поранешниот дописник на Македонското радио ја доделува „Битолски весмик“, годинава во рацете на доајенот на битолското новинарство и поранешен дописник на Македонската телевизија Никола Талевски.

Делата и постапките на големите новинарски пера вечно живеат. Тоде Петрески беше човек кој ја сакаше вистината и пишуваше за неа со многу емоции, вели добитникот на годинешното признание, доајенот на битолското новинарство и првиот постојан дописник на Македонската телевизија, Никола Талевски. Ова награда многу ми значи затоа што ја добивам за колегата од Македонското радио со кој другарувавме три и пол децении, човекот кој ја штитеше независноста на професијата кога тогашните моќници јавно и гласно му се заканија дека „големата риба ја јади малата“. Предизвик и битка која можеа да ја добијат само храбри новинари- вели Талевски.

„Благодрение на упорноста на Тоде и поддршката што ја доби во својата фела, се поведе една поширока опшествена дискускија, но сепак Тоде ја доби битката и човекот кој ја упати заканата се извини, велејќи дека е погрешно сфатена“, вели Талевски.

„Многу ми значи и се сеќавам кога една вечер беа кај нас дома, Никола ми рече Снежана, Тоде секој ден се бори како лав“, вели сопругата на Тоде, Снежана Петреска.

Битки во кои се зацврстуваше авторитетот на седмата сила. Новинарот во пензија и денеска добро ги знае предизвиците на помладите колеги, но апелира да се борат за достоинството на професијата.

„Придржувајте се до вистината и пишувајте, не плашете се. Кога ја презентирате вистината, никој не ви може ништо или реперкусијата ќе биде со мал здив, но вие ќе се издигате во новинарството“, вели новинарот во пензија Никола Талевски.

Новинарот во пензија и во својата 77 година е активен и сѐ уште го носи епитетот битолскиот учебник за „журналистика“. Насоки кои ги испочитуваа и не зажалија многу помлади колеги, денес веќе докажани борци во националните и локалните медиуми.

Стевче Митревски