Кожув поразен во Крајова
11.02.2014 22:57
Гевгеличани беа поразени со 72:61...
Кошаркарите на македонскиот вицешампион го претрпеа седмиот пораз сезонава во БИБЛ лигата и врзаа негативна серија од 6 мечеви, со загубениот натпревар кај романскиот претставник.
Гевгеличани беа поразени со 72:61. Најдобар поединец во редовите на нашиот претставник во БИБЛ лигата беше Чупковиќ со 24 поени, но Кожув имаше очаен шут за три (8/29) и дозволи многу офанзивни скокови (17, 31 скок вкупно) со поени од втора шанса за противникот.
Кај победникот, Тајлер реализира 10 поени со 20 скокови (13 офанзивни), а Ковач постигна 22 поена, во натпревар во кој што шутот за три одлично ги служеше домаќините (9/18).
По овој меч, Кожув останува на 7-та позиција со учинок 4/7, а Крајова од 6-та се искачи на 4-та со 5 победи и 7 порази. Следниот предизвик за Кожув е Балкан, бугарскиот претставник доаѓа во Гевгелија.
