Вучиќ денеска ја презема функција претседател на Србија
31.05.2017 10:26
Претходно Вучиќ поднесе оставка од местото претседател на Владата. Откако парламентот ќе ја констатира оставката, на владата и престанува мандатот и почнува рок од 30 дена за избор на нова влада.

Досегашниот српски премиер Александар Вучиќ денеска ќе положи заклетва пред пратениците во Собранието на Србија и ќе стапи на фуникција претседател на Република Србија.
Претходно Вучиќ поднесе оставка од местото претседател на Владата. Откако парламентот ќе ја констатира оставката, на владата и престанува мандатот и почнува рок од 30 дена за избор на нова влада.
По повод стапувањето на функција претседател на Србија, повеќе организации и движења најавија протести во Белград.
