Најмалку 10 загинати и над 100 ранети во напад во Кабул
31.05.2017 11:12
Нападот бил извршен со автомобил бомба во близина на германската амбасада во центарот на градот, во област каде што има и други дипломатски претставништва и административни згради.

Повеќе од 10 луѓе загинаа, а над 100 се ранети во самоубиствен бомбашки напад во Кабул.
Нападот бил извршен со автомобил бомба во близина на германската амбасада во центарот на градот, во област каде што има и други дипломатски претставништва и административни згради.
Во нападот биле повредени двајца јапонски дипломати, а оштетени биле и јапонската амбасада и кинеското дипломатско претставништво.
