Бела Куќа: Трамп многу добро се согласува со Меркел
31.05.2017 11:30
Портпаролот на Белата Куќа, Шон Спајсер ја даде оваа изјава откако американскиот претседател ја критикуваше Германија поради големиот трговски суфицит со САД и малите финансиски издвојувања за војската.
Белата Куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп гледа на Германија како на важен сојузник на САД и многу добро се согласува со канцеларката Ангела Меркел.
Портпаролот на Белата Куќа, Шон Спајсер ја даде оваа изјава откако американскиот претседател ја критикуваше Германија поради големиот трговски суфицит со САД и малите финансиски издвојувања за војската.
Претходно, пак, Меркел изрази сомнеж дека САД се доверлив партнер.
