САД успешно спроведоа вежба за одбрана од балистичка ракета

31.05.2017 11:50

Ова е прва вежба од тој вид изведена во изминатите три години и тоа е прв тест, кој директно се занимава со сценарио на можен напад на интерконтинентална балистичка ракета, каква што развива Северна Кореја.

Пентагон соопшти дека американската војска успешно извела вежба за соборување ракета над Тихиот Океан.

Ова е прва вежба од тој вид изведена во изминатите три години и тоа е прв тест, кој директно се занимава со сценарио на можен напад на интерконтинентална балистичка ракета, каква што развива Северна Кореја.

Пентагон прецизираше дека ракетата пресретнувач е лансирана од воздухопловната база во Калифорнија и дека успешно ја погодила лажната ракета лансирана од полигонот во Тихиот Океан.