Злато за Карина Фогт за историја

11.02.2014 23:12

Германката Карина Фогт е историската прва победничка на зимските олимпијади во скијачки скокови...

Германката Карина Фогт е историската прва победничка на зимските олимпијади во скијачки скокови, а без медал останува најголемата фаворитка јапонката, Сара Таканаши.

Сребрениот медал и припадна на австриската ветеранкаи екс светска шампионка, Даниела Ирашко-Штолц а најниско на подиумот се најде 18 годишната актуелна светска јуниорска вицешампионка,  французинката Колин Мател.

17 годишната јапонска тинерјџерка Сара Таканаши, која со 10 победи во 13-те натпревари за Светскиот куп оваа сезона, беше супер фаворитка, не успеа да го издржи големиот психолошки товар и мораше да се задоволи со четвртото место, додека актуелната светска првенка, американката Сара Хендриксон недоволно опоравена по тешката повреда, беше дури 21-ва.

22 годишната полицајка од Германија, моментно второрангирана во Светскиот куп, Карина Фогт во првата серија го имаше најдолгиот скок во финалето од 103 метри. Во втората прескокна 97 и пол метри и обезбеди вкупно најголема оценка од судиите, што беше недостижна за конкурентките.