ОЈО бара Обвинителството за организиран криминал да се вклучи во истрагата за собраниските настани

31.05.2017 11:57

сновното обвинителство велат дека досега се презедени многу истражни дејствија и е прибавен обемен доказен материјал.

Основното јавно обвинителство бара и обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да се вклучи во истрагата за собраниските настани од 27-ми април.

Ваквото барање го поткрепуваат со тврдењето дека дел од она што го направиле инволвираните е во надлежност на ова Обвинителство. Од Основното обвинителство велат дека досега се презедени многу истражни дејствија и е прибавен обемен доказен материјал.

Утврдено е дека постои содејство на неколку осомничени во настаните, во и надвор од Законодавниот дом. Во прашање е сплет на инкриминирани дејствија, поголем број кривични дела кои не можат да се препишат само како деликт на масата.

Списите на предметот се веќе доставени од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.