Десковска- Тренеска: Утре ќе биде укинато екстерното тестирање
Tаа објави дека на утрешната седница, меѓудругото ќе се најде и овој закон, па годинава ќе нема екстерно тестирање.

Пратеничката Рената Десковска- Тренеска, која е предложена за нов министер за образование и наука, вели дека утре ќе биде укинато екстерното тестирање. Таа објави дека на утрешната седница, меѓудругото ќе се најде и овој закон, па годинава ќе нема екстерно тестирање.
„Утре ќе се работи ако треба цел ден, сабота и недела има обичај да работи Собранието, така што ќе бидат направени сите напори законот да биде донесен. Доколку не биде донесен, што јас не верувам бидејќи мислам дека наоѓаме на разбирање, во смисла на формирање на комисиите, има и резервни варијанти како да се реши проблемот“, изјави Десковска- Тренеска.
Апелираше до сите пратеници да бидат конструктивни, бидејќи укинувањето на екстерното тестирање е во интерес на учениците.
