ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните имаат право на ефективна локална самоуправа

31.05.2017 12:37

СДС вчера го манифестираше својот страв и антидржавното делување со одбивање на предлогот да се изгласа во итна постапка датумот за одржување на локални избори и да се продолжат мандатите на градоначалниците и советите на општините и Градот Скопје, наведуваат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните имаат право на ефективна локална самоуправа која ќе им биде на располагање и ќе реализира проекти во нивна полза, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС вчера го манифестираше својот страв и антидржавното делување со одбивање на предлогот да се изгласа во итна постапка датумот за одржување на локални избори и да се продолжат мандатите на градоначалниците и советите на општините и Градот Скопје, наведуваат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив СДС со ваквото свое дејствување прави срамен преседан и го загрозува нормалното функционирање на единиците на локална самоуправа.

Граѓаните сакаат одговорни политичари, а СДС треба да се охрабри и заедно со локалните да распише и предвремени парламентарни избори, стои во соопштението.