НБРМ: Вложувањето во крипто валути не е дозволено
Од банката порачуваат дека според нашата законска регулатива, вложувањето од страна на правни или физички лица во виртуелни или крипто валути не е дозволено.

Народната банка со предупредување со јавноста да биде внимателна во однос на понудите за тргување со дигитални, односно крипто валути. Од банката порачуваат дека според нашата законска регулатива, вложувањето од страна на правни или физички лица во виртуелни или крипто валути не е дозволено.
Дополнително, од банката велат се нема јасна слика за ризиците од вложувањето во крипто валути, некои пак имаат елементи на пирамидални шеми, па веќе во некои земји се започнати истраги.
„Средството кое овозможува многу високи приноси, вообичаено носи и големи ризици за загуба“, предупредува Народната банка.
