Приведен директорот на Клиниката за неврохирургија, осомничен за примање поткуп
Од МВР обезбедиле и материјални докази дека е извршено кривичното дело. Се врши претрес и на службените простории на клиниката, за да се обезбедат дополнителни докази против директорот кој беше задржан во полициска станица.

Полицијата го приведе директорот на Клиниката за неврохирургија во Скопје. Осомничен е за примање поткуп. Министерството за внатрешни работи информираше дека постапиле по пријава од граѓанин, а по наредба на Основното јавно обвинителство.
Од МВР обезбедиле и материјални докази дека е извршено кривичното дело. Се врши претрес и на службените простории на клиниката, за да се обезбедат дополнителни докази против директорот кој беше задржан во полициска станица.
По завршување на истражните постапки, тој со кривична пријава ќе му биде предаден на Основното јавно обвинителство.
