Мемети: Бегалците од Косово по 18 години сѐ уште ги немаат остварено своите права

31.05.2017 14:07

Според народниот правобранител тие живеат во тешки услови, без средства за егзитенција, здравствена заштита, без можности за добивање матични броеви за нивните деца. Бара поголема ажурност од државата за решавање на проблемите на овие лица.

Бегалците од Косово по 18 години сѐ уште ги немаат остварено своите права, регира народниот правобранител, Иџет Мемети. Според него тие живеат во тешки услови, без средства за егзитенција, здравствена заштита, без можности за добивање матични броеви за нивните деца. Бара поголема ажурност од државата за решавање на проблемите на овие лица.

Од вкупно 605 бегалци од Косово, 154 се со таканаречен „жолт картон“, а со одбиени барања за право на азил и со прекинат статус под субсидијарна заштита, вели Мемети. Тој побара од Владата и органите во чиј мандат е заштитата на бегалците, сериозно да пристапат кон ова прашање и да изнајдат соодветни системски решенија со кои ќе им се овозможи пристапо до правата.