Вучиќ ја презеде функцијата претседател на Србија
Александар Вучиќ ја презеде функцијата претседател на Србија. Положи заклетва во националниот Парламент, со што го започна својот петгодишен мандат како шеф на државата. Во обраќањето пред делегатите и гостите и рече дека мирот и стабилноста ќе бидат сржта на неговото политичко делување. Претходно, Вучиќ поднесе оставка од местото Претседател на владата.
По Милошевиќ, Милан Милутиновиќ, Борислав Тадиќ и Томислав Николиќ, Александар Вучиќ е 5-от претседател на Србија. Тој во парламентотположи заклетва над униканото издание на уставот и над реплика на Мирославловото евангелие од 12-от век, со што започна неговиот 5 годишен мандат. Во говорот потоа тој најави измени на уставот-поради евроинтеграциите на Србија, градење најдобри односи со Русија и Кина и подобрување на односите со САД. Вучиќ најави внатрешен дијалог и ослободување од митскиот пристап за косовското прашање-
„Сакам да ги поправиме односите со Хрватска, да ја унапредуваме соработката со Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Македонија, но и со Унгарија, Романија и Бугарија“, изјави Вучиќ.
На церемонијата потоа, по смотрата на почесниот строј на српската војска, претседателот во заминување Томислав Николиќ на својот наследник му го предаде државниот печат и посебното знаме.
За време на церемонијата, во близина на Собранието се одржуваа и протестни демонстрации на движењето Против диктатурата и на опозицијата, на кои беа и повеќе пратеници, кои сметаат дека Александар Вуќиќ не е легално избран на претседателската функција. Дел од пратениците во Собранието држеа транспаренти на кои пишуваше- „Не е мој претседател“.
По стапувањето на Вуќиќ на претседателската должност, премиерската функција привремено ќе ја врши вицепремиерот и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ. Вучиќ кој според законот има рок од 30 дена да го довери мандатот на идниот премиер, според најавите- тоа ќе го стори до 17 јуни. Засега, како што изјави, во дилема е меѓу тројца кандидата- Ивица Дачиќ, некој од СНС или непартиска личност.
Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ
