„Ничија земја“ премиерно во МНТ

31.05.2017 15:46

„Создаваме на светот убавина“ е мотото на годинешниот МНТ Фест. Започнува в сабота со премиера на преставата „Ничија земја“. Ќе трае до 13-ти јуни. Се најавуваат и престави за деца и работилници.

„И на најголемата трагедија треба да ѝ се даде живот“- вели актерот Сашко Коцев. Тој е дел од претстава „Ничија земја“ на режисерот Александар Морфов. Искуството го објаснува со овие зборови- забава, смеење, тага.

Во оваа претстава, работите некогаш се многу тажни, а потоа стануваат смешни и обратно- велат учесниците во проектот. За актерите прекрасно искуство, велат, чест е да се работи со режисерот Морфов.

Секој збор на сцената е навистина директно од душата, нема лага, еден збор не е лага - вели режисерот Александар Морфов.

„За жал темата е актуелна до болка, и треба навистина да се запрашаме да живееме како штраус со забиена глава во песок за да го минеме тоа нешто без болка. Со моите соработници имаме исто мислење. Текстот од збор до збор заедно го согледувавме и поправавме“, изјави режисерот Морфов.

Премиерата на „Ничија земја“ е на 3-ти јуни, на отворањето на МНТ Фест. Од септември претставата ќе биде на редовниот репертоар на театарот.

Мотото на годинашниот МНТ Фест е „создаваме на светов убавина“. Предвидени се изложби, детски претстави, стенд- ап и работилници.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска