ВМРО-ДПМНЕ: Предложената влада е антиреформска

31.05.2017 15:51

Според партијата, најавите за блокади и укинување на проектите претставуваат деструкција на штета на граѓаните.

„Предложената влада не е реформска, туку е антиреформска“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, најавите за блокади и укинување на проектите претставуваат деструкција на штета на граѓаните.

„Оваа популистичка антиреформа на СДС ќе предизвика криза на вистинските вредности. Децата ќе бидат изедначени по оценки и нема да се вреднуваат трудот и квалитетот. СДС наместо да нуди конкретни мерки за подобрување на квалитетот на образованието, прави чекори од кои потоа во иднина ненадоместлива штета ќе трпат пред се децата и нивните родителите. Децата ќе станат неконкурентни на меѓународните пазари на труд каде се бара вистинско знаење“, изјави Спиро Ристовски.

Да имаше трошка визија и капацитет во СДС, тие ќе предложеа мерки за подобрување на квалитетот на екстерното, а немаше да брзаат да го укинат- нагласи Ристовски.