Седница за избор на нова Влада, гласањето најдоцна до полноќ
Втор ден собраниска расправа за програмата и за составот на новата влада. ВМРО-ДПМНЕ критикува, ветувањата се гол популизам, составот класичен партиски. СДСМ одговори- проектите се реални, кандидатите за министри се луѓе докажани во својата струка. Гласањето треба да заврши до полноќ...

Жестока расправа и на вториот ден од седницата за избор на нова Влада. Од ВМРО-ДПМНЕ не веруваат во демократијата која ја промовира новото парламентарно мнозинство, a владината програма ја нарекоа гол популизам.
Пратеникот Данев вели кандидатите за министри, со чест на исклучоци, се истите ликови кои претрпеле 10 порази на изборите. Пратеникот Димитриоски возврати- вие 12 години ги лажевте граѓаните, за разлика од вас, нашиот отчет ќе бидат нашите релизирани дела.
Александар Кирацовски од СДСМ рече дека денеска е празник на демократијата во Собранието, а на колегите од ВМРО-ДПМНЕ им смета. Не знам дали е аболиран Заев два пати, но знам дека има две лузни поради вас. Реплицираше пратеникот Илиоски- ако мандатарот има ваков багаж, претпоставувам дека нема да му биде лесно.
Седницата треба да заврши најдоцна до полноќ.
Викторија Милевска
