„Аксиос“: Трамп донесе одлука за повлекување од Парискиот договор за климатски промени
Трамп кој претходно го нарече глобалното затоплување „измама“ одби да го поддржи Климатскиот договор на самитот Групата 7 на Сицилија, со образложение дека му треба повеќе време за да ја донесе одлуката. Оваа вест ја потврди и телевизијата „Фокс њуз“.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја донесе одлуката за повлекување од Парискиот договор за климатски промени, јави „Аксиос“ повукувајќи се на неидентификуван извор.
Трамп кој претходно го нарече глобалното затоплување „измама“ одби да го поддржи Климатскиот договор на самитот Групата 7 на Сицилија, со образложение дека му треба повеќе време за да ја донесе одлуката. Оваа вест ја потврди и телевизијата „Фокс њуз“.
Деталите за повлекувањето од договорот ги разработува раководителот на Агенцијата за заштита на околината, Скот Пруит. Треба да донесе одлука за тоа дали САД формално ќе се повлече, за што ќе бидат потребни неколку години или, пак, ќе излезе од договорот на Обединетите нации, врз кој се темели Парискиот договор.
Договор за клима беше потпишан од 190 земји меѓу кои и од САД во Париз. Со него требаше глобалното затоплување да се ограничи до 2 степена, до 2020-та година. Трамп во својата преизборна кампања вети дека ќе се повлече од Праискиот договор и ќе го зголеми вадењето нафта, гас и јаглен во САД.
