Груевски: СДСМ секогаш многу ветува, но малку прави
Најави дека партијата будно ќе ја следи работата на новата влада и ќе ги брани интересите на земјата.

„СДСМ секогаш многу ветува, но потоа малку прави“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Најави дека партијата будно ќе ја следи работата на новата влада и ќе ги брани интересите на земјата.
„СДСМ ја превзема одговорноста за водење на државата. Однапред знам, дека најмалку во првите 6 месеци, неспособноста ќе ја прикривате со префрлање на вината на нас, ќе се занимавате со нас, ќе ја омаловажувате нашата работа, и тоа ќе се обидете да го преставите како оправдувања на вашите неуспеси, на нереални ветувања и на неспособност. Но, после 26 години демократија, народот е толку свесен и искусен, што тоа нема да ви помине“, рече Груевски.
Нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ будно ќе го следи работењето на новото мнозинство и силно ќе се бори за интересите на државата. Државниот ќе остане пред партискиот и личниот интерес. Членството во НАТО и во ЕУ ќе остане приоритет, но и грижата за фер решение на спорот со јужниот сосед.
Народот и понатаму ќе може да смета и да се потпре на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, кои ќе останат на браникот на одбраната на државните и националните интереси на Македонија, но и во функција на развојот и напредокот на државата, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
