САД го честитаа изборот на новата Влада
01.06.2017 10:46
Како пријател и партнер на Македонија, САД очекуваат позитивна соработка со новата Влада...

Соединетите Американски Држави му честитаа на премиерот Зоран Заев и на парламентарното мнозинство за формирање на новата Влада.
„Како пријател и партнер на Македонија, САД очекуваат позитивна соработка со новата Влада којашто се стреми да ги реализира евроатлантските аспирации преку спроведување на итните реформи со коишто се зацврстуваат владеењето на правото и независноста во правосудниот систем, слободата на медиумите и одговорноста на Владата“- се вели во дописот од Стејт Департментот.
