До полноќ одлука за преселба на Американската амбасада во Ерусалим
01.06.2017 10:54
Експертите прогнозираат дека претседателот Трамп веројатно ќе ја одложи одлуката за наредните шест месеци така што амбасадата останува во Тел Авив. Во 1995 година, Конгресот усвои закон со кој се утврдува дека мисијата треба да биде во Ерусалим, признавајќи го како главен град.

До полноќ се очекува одлуката на Белата куќа за локацијата на американската амбасада во Израел. Американските претседатели секои шест месеци одлучуваат дали дипломатското претставништво на САД ќе остане во Тел Авив или ќе се преместува во Ерусалим.
Експертите прогнозираат дека претседателот Трамп веројатно ќе ја одложи одлуката за наредните шест месеци така што амбасадата останува во Тел Авив. Во 1995 година, Конгресот усвои закон со кој се утврдува дека мисијата треба да биде во Ерусалим, признавајќи го како главен град.
Но, клаузулата за исклучок и овозможуваше со децении на владата да го блокира документот и сите досегашни претседатели од крајот на 90-тите години го правеа тоа, односно секои шест месеци ја потпишуваа клаузулата.
Поради тоа Вашингтон ја задржа амбасадата во Тел Авив.
