Јункер предупреди- ќе запрат преговорите со Турција ако се врати смртната казна
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе ја активира повторно казната укината во 2004 година во рамките на кампањата за влез во Унијата, доколку Парламентот ја одобри таа мерка или ако таа е поддржана на референдум.

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер предупреди дека враќањето на смртната казна во Турција ќе ги запре преговорите за нејзиното членство во блокот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе ја активира повторно казната укината во 2004 година во рамките на кампањата за влез во Унијата, доколку Парламентот ја одобри таа мерка или ако таа е поддржана на референдум.
По минатонеделната средба во Брисел со Јункер и со претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, Ердоган изјави дека добил нова едногодишна програма за обновување на односите.
