Инцидент пред Министерството за здравство, пукано во Тодоров

01.06.2017 12:46

Од полицијата соопштуваат дека бил физички нападнат поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Во полициска станица е приведено едно лице...

Инцидент пред Министерството за здравство, пред примопредавањето на фукцијата. Од полицијата соопштуваат дека бил физички нападнат поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Настанот е пријавен во МВР 5 минути после пладне. Во полициска станица е приведено едно лице.

Во Министерството за здравство денеска во 12:30 часот беше најавено примопредавање на функцијата министер за здравство помеѓу Никола Тодоров и Арбен Таравари.