Нова парламентарна седница
01.06.2017 12:49
Во Изборниот законик се менува членот 16 и се предлага изборoт за членови на советите и на градоначалниците да се одржат во првата половина на октомври.

Измени на Изборниот законик и на закони од образованието на дневен ред на денешната седница на Собранието. Пратениците денеска ќе треба да изберат и претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите.
Во Изборниот законик се менува членот 16 и се предлага изборoт за членови на советите и на градоначалниците да се одржат во првата половина на октомври.
За да се укине екстерното тестирање се предлагаат измени во Законот за основно образование, Законот за средно образование и во Законот за наставници во основно и средно образование.
