Филипинската војска по грешка уби свои припадници
01.06.2017 14:14
Силите за безбедност се обидуваат да ги ликвидираат џихадистите од Исламска држава.

Поради лоша координација, филипинската војска по грешка уби сопствени војници. Десетмина загинаа, а осуммина беа повредени во воздушните напади при обидот да се врати градот Марави кого го зазедоа бунтовниците.
Силите за безбедност се обидуваат да ги ликвидираат џихадистите од Исламска држава. Во јужниот дел е прогласена вонредна состојба.
