СДСМ го осуди пукањето во Тодоров

01.06.2017 14:24

„Повикуваме на институционално решавање на проблемите, очекуваме надлежните органи целосно да го расветлат инцидентот“- велат од СДСМ.

СДСМ го осуди пукањето во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Оттаму велат дека недозволиво употребна на оружје и посегнување по нечиј живот, од која било причина.

„Повикуваме на институционално решавање на проблемите, очекуваме надлежните органи целосно да го расветлат инцидентот“- велат од СДСМ.

Нападот го осуди и лидерот на оваа партија, Зоран Заев.