Шекеринска ја презеде функцијата министер за одбрана

01.06.2017 14:36

Министерката Шекеринска- Јанкоска пред присутните вработени во армијата и Министерството се обврза дека ќе се посвети на зајакнување на меѓународниот углед на позицијата на Македонија, односно на нејзината консензуално декларирана стратешка цел за членство во НАТО.

Досегашниот министер за одбрана Зоран Јолевски денеска и ја предаде функцијата на новата министерка за одбрана Радмила Шекеринска- Јанкоска.

Министерката Шекеринска- Јанкоска пред присутните вработени во армијата и Министерството се обврза дека ќе се посвети на зајакнување на меѓународниот углед на позицијата на Македонија, односно на нејзината консензуално декларирана стратешка цел за членство во НАТО.

Ќе се обврзам на неопходните реформи кои ќе ја зголемат нашата безбедност и ќе гарантираат професионална и ефикасна армија, нагласи Шекеринска Јанкоска.

Враќање на процесот на НАТО интеграцијата на врвот на приоритетите на Македонија ќе значи многу поотворен  и транспарентен систем на менаџирање со персоналот и во армијата и во Министерството за одбрана, посочи таа и најави поголема професионализација и департизација и движење во кариера на припадниците на армијата, кое ќе биде базирано на суштински стандарди.