Метео: За продолжениот викенд локален пороен дожд и грмежи
01.06.2017 14:40
Во сабота и недела во делови од земјата се очекуваат обилни врнежи со интензивни процеси, локално и во форма на невреме со појава на град.

Продолжениот викенд во Македонија ќе донесе променливи временски услови. Утре попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Во сабота и недела во делови од земјата се очекуваат обилни врнежи со интензивни процеси, локално и во форма на невреме со појава на град.
Нестабилното време ќе продолжи и од понеделник.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
