Олимпијада

Историски спуст, победнички Мазе и Гисин

12.02.2014 09:26

На крајот од трката имаа исто време:1:41.57, прв пат во олимписката спуст историја...

Една трка со две победнички! Олимпиското злато во спуст блеска на градите на Словенката Тина Мазе и на Швајцарката Доминик Гисин. На крајот од трката имаа исто време:1:41.57, прв пат во олимписката спуст историја. Тоа беше кулминација на најизедначеното и најдраматично спуст натпреварување досега без главна фаворитка, а со многу победнички желби. Швајцарките најдобро ја отворија трката на комплексната, преполна со стапици патека, долга 2713 метри. Доминик Гисин заседна на чело, и се придружи сонародничката Лара Гут со 10 стотинки послаб резултат.

Потфрлија Американката Џулија Манкузо и Германката Марија Хефл-Риш...Годинаава „подзаспаната„ кралица на белите патеки Тина Мазе во вистинскиот момент го разбуди својот победнички менталитет.Драматичното одбројување на секундите и стотинките имаше крај единствен во олимписката историја. Двојна радост на Мазе и Гисин. 30 годишната Мазе го исполни деценискиот сон на извонредното словенечко скијање за олимпиското злато. Една година помладата Доминик Гисин ја отскија трката на кариерата.Точно после 3 децении од успехот на Микела Фиџини во Сараево во 1984 година и ја врати победничката гордост на Швајцарија, како 5-та спуст-хероина на оваа земја.Со конциденција: првата победа  во спуст Гисин во 2009-та година во Алтенмаркт ја подели со Швеѓанката Ања Персон, а денеска олимписката радост со Словенката Мазе.Придонесот за  швајцарското обележје на спустот во Сочи  е и бронзениот медал на Лара Гут.

Спуст(ж): резултати

1.Тина Мазе (Сло) 1:41.57мин.

1.Доминик Гисин (Шв) 1:41.57 мин.

3.Лара Гут (Шв) +0.10 сек.

4.Даниела Меригети(И)+0.27 сек.

5.Фабиен Сутер (Шв) +0.37сек.

6.Лоте Сејерстед (Нор) +0.44 сек.

7.Едит Миклош(Унг) +0.71 сек.

8.Џулија Манкузо (САД) +0.99сек.

9.Никол Хосп(А) +1.05 сек.

10.Илма Штухец(Сло) +1.08 сек.