Продолжува дијалогот помеѓу Белград и Приштина во Брисел
12.02.2014 09:55
На средбата ќе се разговара за статутот на Заедницата на српски општини и за нивно конституирање...

Во Брисел денеска продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон.
На средбата ќе се разговара за статутот на Заедницата на српски општини и за нивно конституирање.
Претходниот круг разговори беше на 27 јануари и заврши без договор за правосудството.
