Хојт Ји: Да се реши прашањето со Грција

03.06.2017 20:19

Во интервју за „Гласот на Америка“, Ји нагласи дека е потребно да се решат прашањата со соседите.

Заменик- помошникот државниот секретар на САД, Хојт Брајан Ји дава целосна поддршка на новата македонска влада на патот на реформите и членството во НАТО со затворање на билатералните спорови, вклучувајќи го и тој со Грција. Во интервју за „Гласот на Америка“, нагласи дека е потребно да се решат прашањата со соседите.

„Очекуваме од новата влада да биде партнер со меѓународната заедница, со ЕУ, САД, со земји- долгогодишни партнери на Македонија, во насока на спроведување на потребните реформи за да може да напредува. Да ги реши прашањата со соседите, вклучувајќи ја Грција. Целта е постигнување на спогодби коишто би го деблокирале патот на Македонија кон евро- атлантска интеграција“, рече Ји.

Тој потенцираше дека САД продолжуваат да го следат овој регион одблиску и тој е дел од нивните интереси.