Премиерот Заев им ја честиташе победата на ракометарите на Вардар

04.06.2017 21:12

Честитам на ракометарите на Вардар кои го донесоа ракометот на Македонија, повторно на врвот на Европа! Во име на граѓаните на Македонија ви благодарам што сите нас жне направивте горди и среќни. Игравте со срце на теренот, се вели во честитката од премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев им ја честиташе историската победа на ракометарите на Вардар, чиј тим е нов европски првак откако вечерва во Келн во финалето на ракометната Лига на шампиони, го совлада Пари Сен Жермен со 24:23.

Честитам на ракометарите на Вардар кои го донесоа ракометот на Македонија, повторно на врвот на Европа! Во име на граѓаните на Македонија ви благодарам што сите нас жне направивте горди и среќни. Игравте со срце на теренот, се вели во честитката од премиерот Заев.

Првото место што го освоивте вечерва на финалниот натпревар во Лигата на шампиони, посочува тој, ќе биде врежано во меморијата на ракометот и на спортот во Македонија како пример за генерациите што доаѓаат, дека се е остварливо низ тимска работа, упорност и посветеност.

Имам силна верба дека ова е само почеток на успесите што ќе се множат, во ракометот, во спортот и во животот во Република Македонија, порача премиерот Заев на ракометарите и на граѓаните по вечерашната победа на Вардар, во финалето во Келн, Германија.