Црна Гора денеска станува 29-та членка на НАТО
Според протоколот, на цермонијата во Вашингтон, црногорскиот премиер Душко Марковиќ на американскиот државен потсекретар Томас Шанон ќе му ги предаде документите за ратификација на членството во НАТО, со што Црна Гора официјално ќе стане 29-та членка на Алијансата.

Црна Гора денеска официјално ќе биде примена во членство во НАТО, на церемонија што ќе се одржи во американскиот Стејт Департмент.
Според протоколот, на цермонијата во Вашингтон, црногорскиот премиер Душко Марковиќ на американскиот државен потсекретар Томас Шанон ќе му ги предаде документите за ратификација на членството во НАТО, со што Црна Гора официјално ќе стане 29-та членка на Алијансата.
Предвидено е на цермонијата да присуствува и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
