Дождовите за некого опасност, за некого благодат

05.06.2017 11:10

Управата за Хидрометеоролошки работи соопшти дека стабилизација на времето се очекува од четврток. Дел од жителите во руралните средини претрпеа штета. Апелираат, каналите редовно да се чистат за да се превенираат поплави. Други, пак, се надеваат дека ќе имаат побогат род.

Поројни врнежи, грмотевици, град. Веќе никој не е рамнодушен на невремето кои деновиве се појавува во попладневните часови. Најзасегнати се секако оние кои очекуваат род од посевите. Круме е жител на Илинден. Нему минатогодишните поплави му причиниле огромна штета. Срамнил со земја дел од својата куќа, а веќе не може да сади ништо оти неговата бавча останала осум дена под вода.

После обилните врнежи проследени со град на околните ниви можеше да се забележат остатоци од вода, многу каллива земја и оштетени култури.

На неколку километри во атарот на село Јурумлери, земјоделците се веќе на своите посеви. Некои од нив со радост ни покажаа колку добар род ќе имаат.

За разлика од овој, претходниот соговорник ни кажа дека појавата на невреме постојано му создава вознемиреност и страв.

Поројните дождови и грмежите ќе потраат до среда, најавуваат од УХМР. Од четврток се очекува стабилизирање на времето.

 

Фиљана Кока