Нов студен бран во САД

12.02.2014 10:17

Поради невремето се откажани повеќе од 1.000 летови...

Нов студен бран во САД којшто однесе 6 жртви. Две лица загинале во сообраќајни несреќи предизвикани поради лошите временски услови на патиштата во Мисисипи, а други тројца во Тексас.

Шестата жртва е пожарникар којшто загинал на должност. Поради невремето се откажани повеќе од 1.000 летови.

Вонредна состојба е прогласена во осум држави: Вирџинија, Мериленд, Северна и Јужна Каролина, Џорџија, Алабама, Мисисипи и во Луизијана.