Прилеп се подготвува за театарско уживање
Јуни е месец на македонскиот театар. Епитетот го засужува по повеќе од пет децении. Во Прилеп сѐ е подготвено за 52 издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој ќе донесе 20 претстави, од кои 12 се во трката за најдобра театарска претстава на македонските професионални театри. А вистинска најава на „празникот на театарот“ е новата премиера на ансамблот на Прилепскиот театар.

Прилеп се подготвува за ново театарско доживување. Прво со новата премиера, а потоа и за еднонеделен празник на тетарската уметност, за 52-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.
Најдобрата подготовка е премиерата на втората претстава годинава. „Хроника на еден сон“ од Ивана Нелковска ќе добие прва сценска изведба и прва соработка на ансамблот со режисерката Ивана Ангеловска.
В петок, се крева завесата на 52. МТФ „Војдан Чернодрински“. Во осум дена публиката ќе види 20 претстави, изложби, промоции. 12 се во конкуренцијата за награди и една ќе го понесе епитетот- најдоброто театарско остварување на македонскиет професионални театри меѓу двата фестивала. Публиката со полудецениско искуство, е со очекувања.
„Венецијанскиот трговец“ на Драмски театар ќе ја крене, а мјузиклот во чест на Тоше Проески, „Тајно моја“ ќе ја спушти фестивалската завеса. Годинашен добитник на наградата за животно дело е Митко Маџунков.
Елизабета Митреска
