Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Лондон

05.06.2017 11:05

21 од повредените се во критична состојба...

Екстремистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот што се случи во саботата навечер, при што беа убиени 7, а повредени речиси 50 лица. 21 од повредените се во критична состојба.

Tројца напаѓачи, кои носебе на себе лажни експлозивни елеци, со бело комбе влетале меѓу луѓе кои чекале автобус на лондонскиот мост, а потоа излегле од возилото и со ножеви почнале да ги напаѓаат луѓето.

Тројцата мажи се убиени од страна на лондонската полиција. Британската полиција изутрината спровела рации на две локации во источниот дел од Лондон, при што уапсила одреден број луѓе.