ВМРО-ДПМНЕ: Деструкцијата и омразата се двете најсилни особини на СДС

05.06.2017 13:03

Граѓаните очекуваат СДС да почне и изгради нови 500 километри автопат. Докторите очекуваат плата од 100.000 денари, пензионерите повисоки пензии, а вработените просечна плата од 30.000 денари.

Деструкцијата и омразата се двете најсилни особини на СДС, но македонските граѓани немаат никаква полза од нив, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Велат, СДС даде ветувања кои не може да се остварат само со интриги, манипулации и лажни обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните очекуваат СДС да почне и изгради нови 500 километри автопат. Докторите очекуваат плата од 100.000 денари, пензионерите повисоки пензии, а вработените просечна плата од 30.000 денари. Потенцираат дека граѓаните знаат и паметат дека ВМРО-ДПМНЕ сѐ што ветува остварува.

ВМРО-ДПМНЕ со доаѓањето на власт во 2006-тата година почна со расчистување на последиците и ефектите од мрачното владеење на СДС. Со квалитетна економска политика успеавме стапката на невработеност од рекордни 38% да ја намалиме на најниски во историјата на независна Македонија 23.1%, стои во соопштнието на ВМРО –ДПМНЕ.