Тевдовски- Мантованели: Партнерски однос на Македонија со Светска банка

05.06.2017 13:33

На средбата беше афирмиран партнерскиот однос на Република Македонија со Светска банка, беше разгледана состојбата на тековните проекти, како и можностите за идна соработка, соопштуваат од Министерството за финансии.

Денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски оствари средба со претставници на Светска банка предводени од директорот за Македонија и Косово, Европа и централна Азија, Марко Мантованели.

На средбата беше афирмиран партнерскиот однос на Република Македонија со Светска банка, беше разгледана состојбата на тековните проекти, како и можностите за идна соработка, соопштуваат од Министерството за финансии.

Почнувајќи од 1993-та година, Светска банка е присутна во Република Македонија преку обезбедување на техничка помош и финансирање на 63 проекти во вредност од над 2 милијарди долари. Моментално, Светска банка учествува во финансирањето на седум проекти кои се во фаза на имплементација, во износ од 331 милион долари.

Соработката на Република Македонија со Светска банка се одвива во повеќе области како што се: транспортна инфраструктура, општински услуги, енергија, социјална политика, образование, иновациска дејност, информациска технологија, како и во областа на туризмот.