Кривичниот суд го одби барањето на СЈО за замрзнување на имот

05.06.2017 14:05

Од СЈО најавија жалба по одлуката на судот. Помошник министерот е осомничен за злоупотреба на службената должност и со јавна набавка за купопродажба и сервисирање на 300 возила...

Кривичниот суд го одби барањето на сјо за забрана за замрзнување на имот во сопственост на помошник министер за јавни набавки во МВР, кој е осомничен во истрагата за случајот „Триста“.

Од СЈО најавија жалба по одлуката на судот. Помошник министерот е осомничен за злоупотреба на службената должност и со јавна набавка за купопродажба и сервисирање на 300 возила при што го оштетил државниот буџет за 453 илјади евра, бидејќи не ја избрал економски најповолната понуда.