Таравари најавува промени во „Мој термин“
Најуспешните докторите ќе бидат наградувани, казни нема да има. Наградите, според него, ќе се обезбедат од парите од вторите директори на клиниките, за кои како што рече, тие места треба да бидат укинати.

Промени во проектот „Мој термин“ најавува ресорниот министер Таравари. Најуспешните докторите ќе бидат наградувани, казни нема да има. Наградите, според него, ќе се обезбедат од парите од вторите директори на клиниките, за кои како што рече, тие места треба да бидат укинати.
„Јас сум за промени во Мој термин, а веќе утре ќе имам состанок со претставниците на Мој термин. Учинокот ќе остане, а нема да има негативен учинок. Платата ќе си биде 100 проценти, а ќе има и наградени доктори, односно тие што ќе бидат најуспешни“, изјави Таравари.
Министерот за здравство Арбен Таравари присуствуваше на одбележувањето на 25 години од основањето на Лекарската комора.
