Исплатени пензиите, заостанатите субвенции и студентските стипендии

05.06.2017 15:22

Денес се исплатени и студентските стипендии. Студентите ги добија стипендиите за последните 5 месеци во висина 118,2 милиони денари.

Министерството за финансии денеска на сметките на 301.660 пензионери исплати 4 милијарди 174 милиони денари пензија за месец мај, соопшти Мнистерството за финансии.

Денес се исплатени и студентските стипендии. Студентите ги добија стипендиите за последните 5 месеци во висина 118,2 милиони денари.

Исто така, денес Министерството исплати 439 милиони денари за субвенции, од кои за житни култури 114,1 милиони денари, за лозови насади 31,8 милиони денари, за градинарски култури 36,3 милиони денари, за мерката одгледување на говеда 100 милиони денари, за одгледување на овци 154 милиони денари и за млеко 2,7 милиони денари.