Светска банка: Глобалната економија со раст од 2,7 - македонската 2,8 проценти
По неколку надолни корекции, за првпат оваа светска финансиска институција не ја намали јунската прогноза во споредба со јануарските проекции.

Македонската економија годинава ќе има раст од 2,8 насто, в година порастот на БДП ќе изнесува 3,3 проценти, стои во најновите проекции на Светска банка за глобалните светски перспективи. Континуирано закрепнување и зголемување на 3,8 насто се предвидува во 2019-тата. Стабилните цени на стоките и растот на глобалната трговија го движат моторот на глобалната економија. Оптимистичка прогноза на економските експерти за светската конјуктура. Проектирано да достигне 2,7 насто раст во тековната, 2,9 следната година. Благо, но реално закрепнување- оценува Јонг Ким, првиот човек на Светска банка.
„Глобалната конјунктура доживува благо, но реално закрепнување. Тоа треба да се искористи за реформи, за помош на приватни инвеститори, да може и долгорочно да се оствари пораст“, вели Џим Јонг Ким- претседател на Светска Банка.
Покрај индустријата и трговијата, зголемената доверба на пазарите и закрепнување во делот на цените на суровините, се дополнителен импулс за оптимистичките предвидувања.
Во Ервозоната, во чиј состав се 19 држави, растот е проектиран на 1,7 насто, помалку од лани кога изнесуваше 1,8 проценти. Највисок економски раст во регионот се предвидува во Косово 3,9, а веднаш зад него е Албанија со 3,5 насто.
Ризиците од протекционизам, геополитичките конфликти и евентуалните финансиски последици од зголемување на каматите во САД и натаму демнеат врз глобалната економија, закана за сите земји- предупредуваат од Светска банка.
Сузана Фиданска- Стоевска
