Предлози за измени на законите за нотаријат и извршување
Со став дека сегашните решенија предизвикале финансиски импликации и одоговлекување на постапките за наплата на побарувања, бизнис заедницата со забелешки за измени на законите за нотаријат и извршување. Бараат вкупниот финансиски товар што треба да го поднесат компаниите да биде на ниво на минатата година...

Последните законски измени за нотаријат и за извршување, финансиски ги оптоварија компаниите, ги зголемија трошоците и ги одвлекоа постапките за наплата на побарувања. Со овој став, бизнис- заедницата бара финансискиот товар на деловните субјекти да се избалансира на нивниот од 2016- тата. До Министерството за правда ќе достават предлози и сугеситии, законите да бидат редефинирани.
Бизнисот во многу случаи е оневозможен да ги наплати своите побарувања поради фактот што сите предмети и права, истовремено и паричните средства на сметките кај сите носители во платниот промет се изземаат од извршување- посочија од Комората.
За да се спречат дополнителни финансиски импликации, од Стопанската комора бараат на заедничка маса со владата аргументирано да разговараат за проблемите со кои се соочуваат фирмите и иницијативата која ја доставуваат.
Наташа Јанчиќ
