Ќе се укинува Кембриџ програмата во средното образование
Министерката за образование денеска најави дека се бараат правни механизми, пред почетокот на новата учебна година да се стопира уште една, според неа, штетна мерка во образованието.

Ќе се укинува Кембриџ програмата во средното образование, најави министерката за образование Рената Десковска. Министерката за образование денеска најави дека се бараат правни механизми, пред почетокот на новата учебна година да се стопира уште една, според неа, штетна мерка во образованието.
Освен укинување на Кембриџ програмата во средното образование, Десковска најави преиспитување на наставните програми и намалување на бројот на предметите во основното, како и нов Закон за високо образование.
Реформскиот процес во образованието, како што вели Десковска, почнал со укинувањето на екстерното тестирање.
