Пречек на европскиот ракометен шампион- Вардар
Ракометарите на РК „Вардар“ се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ утре во 11:15 часот. Оттаму, тие ќе се упатат кон влезот на Скопје...

Градот Скопје утре на плоштадот „Македонија“ ќе организира пречек на ракометарите на ракометниот клуб „Вардар“, по освоената титула во Европската лига на шампиони во Келн, Германија.
Ракометарите на РК „Вардар“ се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ утре во 11:15 часот. Оттаму, тие ќе се упатат кон влезот на Скопје и ќе се движат по булеварот Александар Македонски до хотелот „Континентал“, па лево кон булеварот Гоце Делчев и кон зградата на МРТВ и ТЦ „Мавровка“.
Оттаму шампионите на РК „Вардар“ ќе се движат лево по булеварот Крсте Мисирков, па по булеварот Кочо Рацин кон зградата на Црвениот крст, а оттаму десно на улицата 11 Октомври, кон Порта „Македонија“.
Во 13 часот се очекува ракометарите на РК „Вардар“ да пристигнат на плоштадот „Македонија“, преку Порта „Македонија“.
По повод освојувањето на европската клупска шампионска титула на РК „Вардар“, ЈСП Скопје организира бесплатен автобуски превоз за дочек на ракометарите на аеродромот „Александар Велики“.
