Директен пренос на МРТ од пречекот на европскиот шампион Вардар
06.06.2017 10:07
Македонската телевизија од 11 часот и 30 минути почнува со директниот пренос на на организираната прослава на европските прваци што ќе трае до 14 часот...

Сѐ е подготвено за пречек на европските шампиони. Ракометарите на Вардар пристигнуваат за еден час на аеродромот „Александар Велики“ каде што се очекува почетокот на славјето на шампионската титула.
Македонската телевизија од 11 часот и 30 минути почнува со директниот пренос на организираната прослава на европските прваци што ќе трае до 14 часот.
Централниот пречек на ракометарите е на Плоштадот Македонија.
Градот Скопје организира бесплатен превоз до аеродоромот „Александар Велики“ во 9 часот и 30 минути со автобуси што ќе тргнуваат од четири пункта во Скопје.
